(Видео) Навивачите ја удрија со лименка сопругата на Јокиќ

За време на парадата, додека кошаркарите ја славеа титулата на Денвер на автобус, навивачите со лименка ја погодија сопругата на Никола Јокиќ, Наталија. За среќа не дојде до поголем инцидент, особено што со нив беше и нивната ќерка Огњена.

За потсетување, Денвер во финалната серија го совлада Мајами со 4:1, а Јокиќ беше избран за МВП.

Scroll to Top