Директорот на „Спотифај“ Бил Симонс ги нарече Принцот Хари и Меган Маркл ситни измамници, еден ден откако музичкиот сервис ја прекина соработката со нив. Тој ги критикуваше за време на вчерашната епизода на неговиот подкаст, наречен „Рингер“.
„Би сакал да бев вклучен во преговорите со Меган и Хари за нивното напуштање на „Спотифај“. Ситни измамници. Така требаше да се вика подкастот со нив. Мора да се опијам една вечер и да ја раскажам приказната за Зумот што го имав со Хари да се обидам да му помогнам со идеи за подкастот“, рече Симонс.
За потсетување Хари и Меган потпишаа договор со „Спотифај“ на крајот на 2020 година вреден 20 милиони евра за да снимаат подкаст на сервисот. Но, подкастот наречен „Архетипи“ засега ќе остане на една сезона, бидејќи „Спотифај“ веќе нема да го продуцира.
„Вол Стрит Џурнал“ објави дека Хари и Меган нема да ја добијат целата сума од договорот затоа што не снимиле доволно содржини. Освен партнерството со „Спотифај“, Хари и Меган потпишаа договор и со „Нетфликс“, исто така на крајот на 2020 година.