„Кајмак“ на Милчо со премиера во Данска, стигна поддршка од Албанија и блокада од Македонија

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе има премиера во Данска, во Копенхаген. Паралелно со ова, минатата недела Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ ја има поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж).

Во исто време, Агенцијата за филм на Македонија ја блокираше својата поддршка за двата филма на Манчевски. Од минатиот месец, со одлука на УО на Агенцијата стопирана е поддршката и за „Кајмак“ и за „Збогум, Копакабано!“ иако двата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД, итн.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Scroll to Top