Една недела откако стана шампион во НБА Никола Јокиќ среде ливада играше баскет со другарите од маало во родниот Сомбор

Една недела откако стана НБА шампион со екипата на Денвер, Никола Јокиќ отиде да игра баскет со другарите од маало во родното место Сомбор. Фанови кога го видоа како игра баскет на теренот почнаа со коментари за тоа како другарите еден ден ќе се гордеат што играле со најдобриот кошаркар во светот.

„Игра со другарите од детството. Ова е повеќе од кошарка, ова е љубов. Кога овие момци ќе остарат, ќе им ја покажуваат фотографијата на внуците и ќе им раскажуваат како на времето го победиле шампионот во маало“, му напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalija Jokić (@jokic.natalija)

Моментот го одбележаа со заедничката фотографија која ја објавија и НБА клубот Денвер, на Фејсбук. Истата за кратко време собра преку 37.000 лајкови.

„За жал, Јокиќ не е меѓу најдобрите 5 кошаркари во неговиот град. Се кладам дека капитените прво го бираат него во својот тим. Кога овие дечки ќе остарат, ќе им ја покажуваат фотката на внуците и ќе им раскажуваат како на времето го победиле шампионот во маало“,биле некои од коментарите на фановите.

Јокиќ, по победата во финалето со Денвер и прогласувањето за најдобар играч во НБА, рече дека е нестрплив да си дојде дома, во Сомбор кај родителите. На јавноста и е познат како скромен кој сака едноставни работи, па за него играњето баскет со другарите во маало му е една од омилените активности.

Во родниот град, дојде речиси незабележано. Омилени му се коњите и дома ги чува шест, па брзо откако дојде во Србија отиде да гледа коњски трки. На хиподромот беше пречекан со аплауз, како ѕвезда.

Scroll to Top