Пејачката Теа Трајковска ја промовираше својата најнова песна „Многу барам“. Песната ја работеше со продуцентот Лазар Цветковски, а за истата снимија и спот. Теа ни рече дека песната е една од нејзините омилени и дека верува дека за брзо ќе ѝ се допадне на публиката.
„Песната се случи спонтано, а таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини „Многу барам” ми е една од омилените песни кои сме ги направиле. Спотот со Горан го снимавме подолг временски период за да го погодиме вајбот, а во текстот и самата приказна верувам дека секој ќе се пронајде и се надевам дека ќе и се допадне на публиката“, ни рече Теа.