Бритни Спирс се смири со сестра ѝ

Пејачката Бритни Спирс (41) повторно разговара со сестра ѝ Џејми (32) откако мајка им Лин (68) побара двете повторно да се смират.

„Лин ја замоли Бритни да се смири со сестра ѝ. Таа знае дека на Бритни ѝ недостига ѝ кажа дека чувството е очигледно взаемно“, рече за „Дејли Мејл“ извор близок до семејството.

Пејачката на социјалните мрежи напиша дека двете веќе се виделе и разговарале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

„Мило ми е што ја посетив сестра ми минатата недела. Многу ми недостигаше. Ми беше убаво да го посетам семејството, а освен тоа, ова е прв одмор за мене по една година“, рече Бритни.

За потсетување Бритни се труди да ја зацврсти врската со мајка ѝ со која се немаат видено повеќе од три години.

„Со семејството секогаш има работи што треба да се решат. Времето ги лечи сите рани. Се чувствувам толку благословена што се обидовме да ги поправиме работите. Те сакам многу мамо“, рече Бритни.

Scroll to Top