Жена лажно се претставува како тетка на Кико и бара пари за негово лекување

Жена лажно се претставува како тетка на Кико и бара пари за негово лекување. Познатиот јутјубер Стефан Лазаров ги предупреди фановите дека добил голем број пораки за жената со фејсбук име Даниела Ивана.

Лазаров рече дека ги лажела луѓето и се претставувала како тетка на Кико, а парите барала да се префрлат на сметката на Цвета Стојкоска.

„Добив многу пораки во текот на вечерта дека оваа жена лажно се претставува како тетка на Кико и бара пари да се префрлат на нејзина сметка. Како што гледате на сликата иако на профилот пишува Даниела Ивана, во пораката е дадена сметка од Цвета Стојкоска.

За потсетување, Лазаров од неодамна ја организираше акцијата за собирање средства за лекување на Кристијан Коцев Кико, кој боледуваше од ретка болест. Акцијата беше успешна и за четири дена беа собраните потребните 50.000 евра за негово лекување во Турција.

 

Парите за Кико се собрани, момчето оди на лекување во Турција

Scroll to Top