(Фото) Барак и Мишел Обама уживаат на одмор во Грција

Поранешниот американски претседател Барак Обама со сопругата Мишел уживаат на домор во Грција. Папараците ги снимија за време на семеен одмор кога се искачија на скалите на споменикот во Атина.

Во септември минатата година многу се пишуваше за нивните кавги, па дури се шпекулираше и за развод. Медиумите пишуваа дека двојката во тоа време се оддалечила додека Мишел се обидувала да го освои Холивуд преку нејзината продукциска куќа Higher Ground и да придобие влијателните пријатели.

„Мишел е толку воодушевена што е моќен играч во Холивуд, што нема време да го слуша Барак како зборува за политика“, рече извор близок до поранешната претседаетлска двојка.

Сепак, со ова семејно патување и двајцата ги негираа шпекулациите. За потсетување, Барак и Мишел се венчаа во 1992 година и имаат две ќерки Малија и Саша. Мишел му беше и ментор на Обама некое време.

„Ниту еднаш не помислив на него како на некој со кој би сакала да излегувам“, напишала таа во своите мемоари. На крајот сепак отидоа на состанок.

– Веднаш паднав. До крајот на состанокот беше готово. Ме освои и бев продадена“, рече Мишел, а Барак додаде дека ја почастил со најдобриот сладолед.

Scroll to Top