Славица Анелова од Струмица победи во „Ѕвездите на Гранд“, а нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по завршувањето на музичкото шоу со емоции зборуваше за сите заеднички моменти кои ги поминале на пробите. Рече дека колку тој е заслужен за овој успех, толку и Славица му помогнала да стигнат до врвот.
„Колку јас ѝ помогнав на неа, толку и таа мене. Од Триглав до Гевгелија постојат луѓе кои ги слушаат тие некои стари песни некоја музика која не е нацинален мелос. Нејзината финална песна „Угасни ме“ од „Парни ваљак“ дооволно зборува за тоа. Станува збор за епопеја бенд нешто што кога е во прашање Балкнот, е многу јасно и егзактно за она што се нарекува поп-рок“, рече Давид и дополни дека дури и Славица да не победела, тој ќе продолжел да работи со неа.
„Имаме договор да почне да работи со нас концерти ширум регионот. Јас сè уште работам со Александар Јосифовски за кој срцето ќе ми пукне. Слаб сум на Македонците. Со Александар како да добив син“, рече Давид.
За Славица имаше само пофалби и рече дека е најидеален вокален солист од Македонија кој може на многу високо ниво да пее на Евровизија.
„Само да го убедам Дарко Димитров да не извлече од фиока било каква песна, туку за неа да ја одбере вистинската. Јас можам да бидам мотиватор и да корегирам некои работи кога е во прашање пеењето. Малку да ја накитам. Во таква ситуација ви тврдам дека Славица може да направи приказна со која на Евровизија ќе ѝ донесе музика и тоа нема да биде циркус како што е сега. Евровизија во моментов за мене е циркус“, рече Давид.
За Славица рече дека била и најредовна на пробите и дека во иднина планира да ја подготвува за голем број фестивали и настапи низ Балканот.
„Само трипати оправдано беше отсутна. Иако живее во Македонија, таа студира медицина во Софија и поради испити и предавања не можеше да дојде“, рече Давид.
На крајот им се заблагодари и на Гранд Продукција и Саша Поповиќ што му ги отворил вратите за ваков вид на музика и што луѓето можат да ја слушаат во ударен термин.