(Видео) Јутјубер снимил видео во подморницата пред трагедијата: Ако експедицијата не беше откажана, можев да бидам помеѓу починатите

Јутјуберот Скуб Џејк на социјалните мрежи објави снимка од подморницата Титан на Оушан Гејт, во која снимил видео неколку недели пред трагедијата, во „мисијата III“.

Неговата експедиција на крајот била откажана поради неочекувани проблеми. Во подморницата Титан која исчезна и за која потоа научници тврдеа дека експлодирала во океанот трагично починаа пет патници.

На видеото од јутјуберот може да се види како изгледа процесот на влегување во подморницата, затворање со 17 завртки однадвор и нуркање.

„Ако експедицијата не беше откажана, можев да бидам во таа подморница“, вели Јутјуберот во видеото кој поминал девет дена на бродот Оушан Гејт. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата.

„Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвичи и камера за да можам да го снимам“, објаснува тој.

Стоктон Раш, извршен директор на Оушан Гејт кој почина во подморницата, може да се види и на видеото. Во една сцена, Стоктон го покажува и контролорот што управувал со подморницата. Исто така, на оваа снимка се слуша Раш како вели дека го откажува нуркањето бидејќи нешто не е во ред со мозокот на подморницата, односно со системот за контрола.

„Ова е потсетник дека животот е многу драгоцен и може да исчезне во секунда. Ако времето беше убаво, ако Стоктон ме прашаше дали сакам место во таа подморница, ќе отидев повторно. Можев да бидам долу, таму со нив. Благодарен сум што сум денес таму, но луѓето во експедицијата беа прекрасни и многу сум благодарен за целото искуство“, изјави Јутјуберот на крајот од видеото.

 

Scroll to Top