Британската пејачка Адел на концерт во Лас Вегас се пошегува за драмата на подморницата „Титан“ во која трагично загинаа пет лица. За време на концертот, во паузата меѓу песните, таа ја прашала својата публика дали ќе пловат со подморницата „Титан“, за да го видат Титаник, пред да се случи несреќата.
Таа ја замолила публиката да кренат раце, а потоа низ насмевка и со шеговит тон рекла – „Ха, знаев!“
Потоа, пејачката објаснила дека и самата е голем обожавател на Титаник, но дека никогаш не би се осмелила да оди на ваква експедиција и дека тоа било лудост. Таа потоа разговараше со обожавателите за одење во вселената, што милијардерите се почесто го прават. И на тоа прашање имаше најнегативни одговори, вклучувајќи го и нејзиниот одговор. Пејачката изјави дека за неа е премногу страшна помислата некој да си го ризикува животот и да се спушти во подморница на голема длабочина.
Како што може да се види на социјалните мрежи, многумина ја осудија оваа постапка на пејачката, прашувајќи се што и требаше да се наврати на трагедијата која однесе пет животи на нејзиниот сопствен концерт, што само по себе е радосен настан.
Адел го организираше својот 30-ти роденден со забава на тема „Титаник“ и многу е заинтересирана за темите за бродот што потона во 1912 година во Атлантскиот Океан.
Adele asks who will go down in a submarine to see the titanic in a recent concert, and makes people vote. pic.twitter.com/9epM7NuT4V
— About Music (@AboutMusicYT) June 24, 2023