Хрватската пејачка Јелена Розга настапи на финалната вечер на „Хит на летото“, на музичкиот ревијален фестивал „Мелодије Јадран“, облечена во долг розев фустан со гол грб.
Освен настапот на Петар Грашо и Нина Бадриќ, вниманието го привлече Розга со нејзиниот стајлинг.
Од моментот кога русокосата пејачката застана на сцената во ефективен розов фустан и моќен настап, за новата песна „Иди ти“, го привлече вниманието на публиката.
„Беше феноменално. Ова е прекрасна публика која ми ракоплеска од почетокот, пресреќна сум. Имам песна на која сум навистина горда, тешка балада, која требаше да се отпее. Кога ќе ја преслушам, мислам дека ќе бидам презадоволна. Благодарност до Вјекослава и Тончи за текстот и брилијантната музика. Пресреќна сум и импресионирана, публиката“, изјавила Розга за Слободна Далмација.
Фото: Јутарњи/ Војко Басиќ/ Кропикс