Работник загина откако бил вшмукан во мотор од авион на аеродром во Сан Антонио

Вработен на меѓународниот аеродром во Сан Антонио во Тексас починал откако бил вшмукан во мотор на патнички авион.

Несреќата се случила додека авион на компанијата „Делта ерлајнс“ се движел кон своето паркинг место со еден вклучен мотор, кој притоа го проголтал работникот, информираат официјални лица. Полицијата отворила истрага, но се верува дека работникот ненамерно застанал пред вклучен мотор од авионот.

Авионот „ербас А319“ бил на пристигнување од Лос Анџелес.

 

Scroll to Top