Лила го посети Острошки манастир: Неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и чувствуваш дека веќе немаш никаква мака

Водителката Лила Филиповска го посети манастирот Свети Василиј Острошки кој е сместен во карпестиот крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.

Водителката на Инстаграм сподели и видео од самото место и рече дека почувствувала убава енергија која не се опишува, и порача барем еднаш во животот вреди да се пости манастирот.

„Велат дека нема да одиш на Острог дури Св. Василиј не те повика. И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св. Василиј Острошки. Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија. А како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место се неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем. Ви посакувам здравје пријатели мои“, напиша Лила на објавата.

Инаку водителката изминатите неколку денови одмара во Будва, ужива во утринско кафе покрај море и прошетките во стариот дел од градот.

 

Scroll to Top