Пејачката Ема Радујко од Србија била погодена со шишиња и исвиркана на сцената на „Мјузик Вик“ фестивалот што викендов се одржа на Ушче во Белгард.
Деветнасетгодишната пејачка се појавила на сцената во трико со боите на виножитото, а на екранот зад неа се гледало знамето на ЛГБТ заедницата. Нејзиниот настап бил прекинат два пати. Прво им се обратила на оние кои фрлале шишиња вода на сцената.
@returningtochildhood @emaradujko – napadnuta od strane publike na Music Week Festivalu‼️ #emaradujko #musicweek #musicweekfestival #viral #foryou #foryoupage #fyp #xyzbc #emaradujkomusicweek ♬ original sound – A
„Момци, подобро да купевте цвеќе“, им рекла Ема, а потоа морала да реагира уште еднаш.
„Морам нешто да ви кажам – на сите нас нѝ е топ, а вие како сакате“, рекла пејачката откако дел од публиката започнала да ѝ дофрла и да ја исвиркува.
MA IKONA ZA OVO! i da music week def završen posle ovoga pic.twitter.com/XXrOLHdjfQ
— i did something bad (@ididsmthbad31) June 25, 2023
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како дел од публиката ја удира пејачката со шишиња и ѝ покажуваат среден прст.
Инаку, Ема Радујко е 19-годишна пејачка која се прослави на ТикТок. Првата песна ја сними на 17 години и тогаш се најде на удар на критики поради разголените сцени во спотот.