Се сврши Никол Шерцингер со Том Еванс: рагбистот ја побара пејачката за жена на плажа на Хаваи

По три години врска ѕвездата на „Пусикет долс“, Никол Шерцингер се сврши со нејзиното момче, Том Еванс.

Таа на Инстаграм објави фотографии од моментот на свршувачката, кога рагбистот клекнал на колена со свршувачки прстен за време на нивното патувањето на Хаваи.

„Реков да“, напиша пејачката.

Никол и поранешниот играч на рагби лигата на Глазгов Вориорс, Том (38), првпат се сретнаа кога таа беше дел од жирито на „икс фактор“ во 2019 година.

Двојката редовно објавува фотографии од нивните патувања, но и од нивниот дом во Лисабон.

 

Scroll to Top