Кога се судривме помислив дека убив човек, Милан Калиниќ со сопругата Сандра се присетија на сообраќајката на Копаоник

Глумецот и водител Милан Калинич во емисијата „Преживели“, раскажа за тешката сообраќајка која му се случила во 2015 година на Копаоник. Во емисијата тој ги смени местата со неговата сопруга Сандра, која се најде во улога на водител.

„Направив едена работа поради која можеа многумина да загинат. Тогаш сватив колку во животот една секунда може да ги промени работите и колку е драгоцено да уживаш во секој момент и секоја секунда“, се потсети Милан.

Тој бил со Сандра и нивните две деца Вук и Теа кој тргнале на одмор, но попат доживеале тешка сообраќајка.

„Тргнавме на Копаоник на скијање. Вук имаше само три и пол години, а Теа шест и пол, пред тргање во школо. Беше убав денот, но претходно врнеше многу снег. Тој се стопи и патот беше влажен. За оние кои возат тоа е најлошо. Возев нормално до кривината која мештаните ја нарекуваат кривина на смртта. Кога помислив дека излегов од неа, додадов гас, кога од наеднаш наидов на два автомобили со унгарски таблички. Едниот успеав да го избегнам, но другиот удри директно во мене. Беше страшно“, рече Калиниќ, а Сандра додаде дека седела на совозачкото место и само дека викнала по Милан.

„Помислив дека убив човек. Тоа беше страшен удар. Од силината се извртевме на другата страна. Тогаш имав целосно разбирање за сите оние кои имале и избегнале сообраќајка. Сватив дека не треба веднаш да ги осудувате тие личност. Во тој момент немате контролира на ситуацијата. Мене ништо не ми беше само ја удрив раката, но тоа беше таков стрес, како да го напуштате сопственото тело, како да сте во транс. Во тие моменти не сте одговорни за вашите постапки. Реагирав како што треба, но ги разбирам луѓето кои не можат да реагираат. Теа и Вук почнаа да викаат, а јас со Сандра бевме во шок. Бог не спаси веројатно, од свои причини. Колата ни беше голема, а другата помала и сите испаднаа од тој автомобил“, рече Калиниќ.

Сандра додаде дека морала да остане присебна заради децата. И двајцата имале повреди на главата. „Никој од оние кои дојдоа да помогнат не веруваа дека има преживеани. Сè ни испадна од автомобилот и скиите, куферите“, додаде Сандра.

„Ги погледав сите луѓето како се караат, беа во шок. Кога дојдов до автомобилот го видов возачот со воланот во градите. Беше наведнат и лежеше со отворени очи. Како да беше мртов. Тоа ми беше најлошиот момент во животот. Го гледав и ми изгледаше како да не дава знаци на живот, како да беше мртов. Го гледав и си реков дека убив човек. Дека на сите им го уништив животот. Си помислив дека сум во пеколот дека е готово. Дека нема повеќе живот за мене. Не знаев што да правам, како да му помогнам. Тогаш видов дека малиот прст, а потоа и раката му се мрдаат. Неколку секунди беше во шок, а потоа си дојде при себе. Почнав да кршам сè за да го извлечам. Итната помош и полицијата се појавија со неверојатна брзина“, се присети Милан и откри дека Унгарецот кој бил зад воланот имал најмалку повреди во споредба со другите патници, но бил единствениот чиј живот бил во опасност.

Веднаш бил пренесен во болница во Белград. Страшното во ситуацијата било тоа што тој веќе имал операција на срцето и имал само еден бубрег, а по несреќата имал внатрешно крварење.

„Докторот ми рече дека нема да преживее до Белград. Тие петнаесет, дваесет дена беа најголемата агонија во мојот живот“, рече Милан.

Семејството Калниќ рече дека поминале низ низа непријатности по несреќата, но дека оваа приказна завршила со среќен крај за сите актери.

„Сите преживеавме и продолжуваме позитивно во животот“, рече Калиниќ.

Глумецот рече дека бил казнет со парична казна од 250.000 динари и четири месеци забрана за возење и 22.000 динари судски трошоци.

Scroll to Top