Српскиот тенисер и ја исполни роденденската желба на неговата сопруга, Јелена. Парот заминал на авантуристичко патување на Азорските Острови.
Тоа се португалски острови во северниот дел на Атлантскиот океан.
Јелена на нејзиниот Инстаграм профил објави видео од авантурата. Ноле и Јелена уживале во прекрасните пејзажи на планините, пешачеле и едреле.
„Ти трепкаш и животот поминува. Ова беше мојата роденденска желба – Азорите, планинарење со мојот витез и гледање делфини“, напиша Јелена.
Тенисерот број еден во светот по историската победа на Ролан Гарос, одмара со сопругата и семејството. Наскоро тој ќе ги започне подготовките за Вимблдон кој ќе се одржи од 3 до 16 јули во Лондон.