Сопругата на пејачот Роби Вилијамс, Аида Филд објави видео на кое покажа како нивните две деца, ќерката Коко и синот Чарлтон, како му посакуваат добредојде на нивниот татко, додека се расонува во спалната соба.
Коко и Чарлтон влегуваат во собата, додека Роби се уште лежи во креветот и почнуваат да ги рецитираат стиховите од песната „Енџлс“. Роби збунето ги гледа, но и се воздржува да не се насмее на слатката изведба на неговата песна.
Но ова не е прв преформанс на Коко и Чарлтон. На Инстгарам профилот на Аида има уште едно видео на кое Роби ги учи како добро да ги совладаат стиховите од песната.