Британец починал на одмор откако се обидел да испие 21 коктел од менито на хотелот

Маж од Британија починал додека бил на одмор со своето семејство на Јамајка, откако се обидел да го исполни предизвикот кој вклучувал пиење на 21 коктел од менито на одморалиштето.

Според ИТВ Њус, Тимоти Саутерн (53) од Стафордшир успеал да испие 12 различни коктели од менито пред да се врати во својата хотелска соба, каде подоцна починал од акутен гастроентеритис поврзан со консумација на алкохол.

Истрагата за смртта на мажот откри дека тој пиел виски и пиво наутро пред да одлучи да учествува во предизвикот за пиење коктел, што решил да го направи откако се сретнал со две Канаѓанки кои го прославувале својот роденден, кои се обидувале да го завршат предизвикот пред полноќ.

Семејството оттогаш ги критикуваше првите лица кои реагирале во хотелот, велејќи дека не биле подготвени да се грижат за него, нарекувајќи ја услугата одвратна.

„Кога дојде медицинската сестра, ја прашав дали се јавила на 911 и таа само рече „не“. Забележав дека почнува да ја губи температурата. Му го проверив пулсот и не можев да го почувствувам“, рече роднината.

Семејството објави дека им е потребна помош преку „Гоу фајнд ми“ за да го донесат нивниот татко дома од Јамајка. Во моментов тие имаат собрано 9.000 фунти, а потребни се 15.000 фунти.

 

Scroll to Top