Мадона (64) ја одложи својата турнеја откако и се слоши и помина неколку дена на интензивна нега, пренесува „Скај њус“.
„Во саботата, на 24 јуни, Мадона се зарази со сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневна интензивна нега“, рекол нејзиниот менаџер, Гај Осеари.
„Нејзината здравствена состојба се подобрува, но се уште е под лекарска нега и се очекува целосно закрепнување. Во овој момент ќе мора да ги паузираме сите обврски, меѓу кои е и турата. Ќе споделиме повеќе детали со вас веднаш штом ќе ги имаме, вклучувајќи го и новиот датум за почеток на турнејата и одложените претстави“, рекол Осеари.
„Кралицата на попот“ требаше да ја започне својата турнеја „Celebration“ на 15 јули во Лондон.