Гимнастичарката Илина Соколовска настапи на големото германско финале по ритмичка гимнастика, што се одржа во Вестербург, рамо до рамо со искусни спортистки, а на нејзините настапи и двата дена се натпреваруваше со песната „Кога паднав на Пирина“ од „Некст тајм“.
Илина иако има само 16 години, сепак, поради нејзиниот талент, веќе неколку години се натпреварува и освојува медали во Бундес лигата, а сега се натпреваруваше со гимнатсичарки над 20 години и го освои седмото место.
Во финалето се натпреварувале најдобрите гимнастичарки од републичките натпревари во Германија, но за жал, како што вели таа, иако е германско финале најголемиот дел од натпреварувачките биле од Украина и Русија.
„Сите натпеварувачки беа од бившите Руски републики, но највеќе од Украина. Поради војната многу гимнатичарки заземаа место во германските клубови со што гимнастиката веќе е на повисоко ниво на квалитет. Јас иако имам 16 години, сепак, настапив во сениорска конкуренција. Бев најмала во првиот настап, а настапив со топка и кореографијата со македонската песна „Кога паднав на Пирина“ и добив висока оценка од судите“, вели Илина.
Илина е задоволна и од овој успех бидејќи настапила во финалето.
„Презадоволна сум, бев во конкуренција за првите три места. Следниот ден настапив со истата кореографија, бидејки добив големи бодови од претходниот ден, но од судите бев изненадена, бидејќи добив четири поени помалку. Но, тоа е во спортот. Не сум разочарана, напротив задоволна сум и со овој успех. Бидејќи успех е да учествува во финале со најдобрите 15. Не е едноставно треба многу работа. Секој ден од 3-4 часа тренинг, некогаш и саботи, а понекогаш и до шест часа на ден. Но, трудот и напорот се исплатеше, дојдов до посакуваниот резултат“, вели Илина.
Паралелно со ова Илина се подготвува и за Евроспкото првенство, кое ќе се одржи во Будимпешта. Илина за прв пат ќе ја претставува Македонија.
„Ми се оствари сонот да ја претавувам Македонија на интернационален наптревар, да го развеам македонското знаме на големи натпревари“, изјави Илина.
Фото: Патрик Хопнер