Тик ток инфлуенсерка од Србија под името „Милитса фор ју“ објави видео од посетата во Македонија и во неколку секунди покажа работи кои ги направила во нашата земја.
„Уште колку пати ќе треба да ја посетам Македонија, за да добијам државјанство? -Ова беа единствените луѓе кои ги запознав, што не знаат српски“, се пошегува тиктокерката додека седи до две статуи поставени на кејот на Вардар.
Се пошегува дека планирала кај нејзината тетка да оди со празни раце, но се сетила дека и должи пари, па одлучила да и купи цвеќе, со цел да заборави на долгот. Завиткано во весник за како што вели да има што да чита додека седи додека е во тоалет.
„Само што влегов од врата ми падна цвеќето од раце, и ме испрати во бавчата и ми рече „ветерот ми го уништи страшилото, ајде ти во бавчата да плашиш птици“, најверојатно поради косата, што јас знам“, вели Милитса во видеото.
Таа ги повика сите Македонци на Тик ток да коментираат под нејзиното видео.
„Добредојде“, „Дојди и во Кочани, но немој да известуваш“, „Што ќе ти е државјанство, ние веќе сме браќа“, „Те видов во Ист Гејт“, се дел од коментарите.
@militsaforyouMakedonci, da vas vidim u komentarima 👇🏻🇲🇰🤍♬ original sound – MILITSA FOR YOU