Соработниците на Мадона одржаа итен состанок поради страв дека пејачката нема да преживее

Соработниците на Мадона повикале на итен состанок на кој одлучиле да ги одложат сите нејзини настапи, поради страв дека нема да преживее. Поп дивата Мадона итно е хоспитализирана и е на интензивна нега.

Како што вчера објавија светските медиуми, пејачката е во болница поради бактериска инфекција.

Тие биле загрижени бидејќи им требало толку долго да ја објават турнејата само 3 недели пред да започне, но немале друг избор.

„Едноставниот факт е дека никој во овој момент не знаеше како се ќе заврши. Мадона беше многу болна и во такви ситуации секогаш постои страв од најлошото“, вели изворот за „Дејли мејл“ и додава: „Фактот што некој е на интензивна нега е застрашувачки. Луѓето од нејзиниот тим мораа да бидат фер кон фановите, и како што турнејата се приближуваше, тие донесоа одлука да се одложи“.

Како што понатаму наведуваат во споменатиот текст, пејачката и да се опорави, нема да може да се вклопи во распоредот, бидејќи никој не сака да ѝ врши таков притисок.

Мадона била пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк во саботата на 24 јуни, по што итно била пренесена во болница. Пејачката во текот на ноќта била интубирана, а нејзината најстара ќерка Лурд (26) цело време била во болница, со нејзината мајка.

Мадона добила бактериска инфекција поради која била примена на интензивна нега, а здравјето и се подобрува, но се уште е под лекарска нега.

За нејзината состојба проговори и братучедот на Мадона.

„Изминативе денови никој не знаеше во која насока ќе оди ова, ситуацијата беше толку сериозна што се подготвувавме за најлошото. Затоа од саботата сè чувавме во тајност. Верувавме дека можеме да ја изгубиме“, изјавил роднината на Мадона за „Дејли мејл“.

Scroll to Top