Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50) летово ќе ги обноват своите завети на првата годишнина од бракот. Извор близок до нив, за „Дејли Мејл“, рече дека планирале да ги обноват во јули или август во нивната нова палата на Беверли Хилс, за која потрошија 60 милиони долари.
Тој ги негираше и шпекулаците дека имало било какви проблеми меѓу нив.
„Џен и Бен се позаљубени од било кога и оваа последна година од бракот беше, со еден збор, спектакуларна за нив. Децата им се одлични, семејствата хармонични. И за да го прослават сето тоа, како што се наближува нивната прва годишнина од брак, и двајцата сакаат да ги обноват заветите и да покажат колку се вљубени еден во друг. Оваа втора шанса не ја земаат здраво за готово“, рече изворот.
Двојката се венчаше минатата година во Лас Вегас, а потоа свадбата ја направија во куќата на Бен во Џорџија.
„Планиравме да се венчаме во август во Савана. Семејството требаше да биде таму со сите наши пријатели, а тоа беше толку стресно за нас“, рече Лопез во емисијата на Џими Кимел.
„Бевме толку среќни, но едноставно почувствував дека церемонијата беше премногу стресна за мене. Потоа еден ден Бен ми рече дека ќе одиме во Вегас и ќе се венчаме вечерва“, додаде пејачката.
За потсетување, двајцата се родителите на пет деца. Лопез од бракот со Марк Ентони (54) ги има близнаците Ема и Макс (15), додека Бен со бившата Џенифер Гарнер (51) ги има ќерките Вајолет (17), Серафина (14) и синот Самоил (11).