Бред Пит новата девојка сака да ја запознае со децата на Џоли

Бред Пит новата девојка Инес де Рамон сака да ја запознае со децата кои ги има со Анџелина Џоли. Пит е во сериозна врска со Инес, но сè уште ја нема запознаено со семејството, откри извор близок до него.

„Пред да се запознаат, сакаше да се увери дека врската ќе му потрае“, рече извор близок до него за Us Weekly.

Бред и Анџелина раскинаа во 2016 година и заедно имаат шест деца. Посвоените Медокс (21) Пакс (19) и Захара (18) и биолошките Шила (17) и близнаците Нокс и Вивиен кои имаат по 14 години.

За потсетување, Инес е позната дизајнерка на накит која со Бред Пит почна да се забавува уште од ноември минатата година. Двајцата неодамна беа на одмор низ Европа, а се шпекулира дека Бред веќе ја запознал со некои од неговите блиски пријатели како Синди Крафорд и Ранде Гербер.

 

 

 

Scroll to Top