Ми ги откажа кредитните картички, а треба да се грижам за децата, се жали бившата на Кевин Костнер

Бившата сопруга на Кевин Костнер рече дека без никакво известување глумецот ѝ ги откажал кредитните картички и дека повеќе не може да се грижи за нивните три деца.

„Ми ја поништи една од кредитните картички ѝ ми го намали лимитот на другата без никакво известување“, рече Кристин Баумгартнер.

За една недела од сега, двајцата треба да се појават на суд за плаќањето алиментација. Дизајнерката неодамна објави дека се разведуваат по 18 години брак и тврдеше дека Костнер ѝ нудел некакви понуди од 30.000 долари месечно за издршка на децата.

Тие имаат три деца Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13), а Кристин побара 250.000 долари месечно за алиментација, за да може да го задржат начинот на живот на кој биле навикнати.

Рече и дека немала никаков имот освен 50.000 долари на нејзината тековна сметка. Од друга страна Костнер заработил 19 милиони долари минатата година, а покривал 6,6 милиони долари од трошоците.

Кога Кристин го поднела барањето за развод минатиот месец, Костнер побарал таа да се исели од нивниот дом. Се повикал на предбрачниот договор, според кој Кристин мора да се исели во рок од 30 дена по почетокот на бракоразводната постапка.

Исто така рече дека ѝ платил еден милион долари за нова куќа, а според судските документи ѝ понудил да ги плати хипотеката, осигурувањето и даноците за една година. Кристин го обвини дека се обидел да ги избрка неа и децата од куќата пред да биде доделена алиментацијата.

„Сака да изнајмувам стан без никаков финансиски план. Морам да размислувам за нашите деца. Против нивен интерес е да се обврзат на кирија што можеби во иднина нема да можеме да си ја дозволиме“, рече таа.

Scroll to Top