Српскиот бенд „Алис ин вондербенд“ вечерва ќе настапат на Д Фетсивал. Бендот го користи телото како нивен инструмент. Тие ја преработија и македонската песна „Учи ме, мајко, карај ме“.
Нагласувајќи го гласот и ритамот, Ана и Марко не враќаат во античкото минато со ефективни аранжмани и изведби.
„Учи ме, мајко, карај ме“ вечна љубовна песна од Макеоднија, напиша бендот на Фејсбук и објави видео.
Освен на Д Фестивал бендот ќе настапи и на други фестивали во Унгарија, Србија, Бугарија, Словенија и Хрватска.
Конкретно видеото за македонската песна било поддржано од МОСТ – Мост за балканска музика, компресивна европска стратегија за балканска музика.