Српскиот пејач Саша Ковачевиќ бил специјален гостин на концертот на грчкиот пејач Никос Вертис на Ташмајдан. Ова е прво појавување на Ковачевиќ откако неодамна беше хоспитализиран.
„Всушност, некој вирус помина низ мене и многу ми падна имунитетот. Тромбоцитите и леукоцитите беа под секоја граница, па морав да направам спинална пункција на коскената срцевина и секакви работи кои беа непријатни. Фала богу се е во ред нешто ми долета веројатно во некој момент кога бев под поголем стрес и поуморен. Бев на интензивна нега десет дена и два пати бев хоспитализиран“, изјавил пејачот кој на концертот се појавил со неговата девојка.