Планинарката Ирина Дишоска сподели фотографија на Инстаргам заедно со синот како се шетаат во парк, само десет дена откако се породи.
Ирина која за време на бременоста искачуваше планинаски врвови, по породувањето повторно е во топ форма.
Јосиф, е прво дете на Ирина и Павле Камиловски, кој името го доби по таткото на Павле.
Во интервју за Репортер Ирина зборуваше за нејзината бременост и спортувањето напоредно.
„Искрено, првите неколку месеци мислев дека сум преголема. Но сега кога се гледам, ниту имам проблем со килограмите, ниту изгледам лошо. Имам само стомак и нормална килажа со 10 килограми повеќе во овие 8 месеци. Вежбам три пати неделно во сала кај Јасна, топла препорака за бремени. И два пати неделно сум на Водно“, изјави Ирина за Репортер.