Уживај во среќата, бори се и сакај го животот: Сузана Гавазова емотивна за 8. роденденот на ќерката Селена

Фолк пејачката Сузана Гавазова и сопругот Јасмин го прославија 8. роденден на помалата ќерка Селена.

Розoви, виолетови и бели балони со фотографија од двете ќерки нa пејачката и торта, имало на роденднската забава на Селена.

Пејачката на Фејсбук објави фотографии од заеднички моменти со ќерките.

„Нема зборови со кои можам да искажам што ти посакувам. Верувај во вистината, уживај во среќата, бори се и сакај го животот. Среќен 8. роденден ќерко наша, Селена звездо најсветла, да си ми жива и здрава и од Бога благословена. Те сакаме јас тато и Емили“, напиша пејачката.

 

Scroll to Top