Неколку часа пред да заврши во болница, Мадона работела на таен проект со Кејти Пери

На Мадона и се слошило додека работела на нов таен музички проект, тврди „Сан“. Само неколку часа пред 64-годишната ѕвезда да биде пронајдена во несвест и итно пренесена во болница, таа била во студиото за снимање и работела на нова песна со Кејти Пери.

Според добро информиран извор за „Сан“, Мадона ја поканила 38-годишната поп икона ја поканила Кејти Перида снимаат дует. Требало да објават песна за прослава на четириесет години од музичката кариера на Мадона.

„Сега најважно е Мадона да закрепне. Таа се чувствуваше лошо за време на снимањето со Кејти, но, како и секогаш, кариерата ја стави пред своето здравје, а овој пат испадна фатална. Сето ова можеше да заврши многу полошо. Што се однесува до проектот на Мадона со Кејти, тој засега е ставен во мирување“, изјавил извор за „Сан“.

Британските медиуми пишуваат дека Мадона се форсирала бидејќи се уште очајно сака да биде најголема ѕвезда.

„Во исто време заборава на годините, не размислува за своето здравје. Се надеваме дека сега, откако заврши на интензивна нега и мораше да ја одложи планираната турнеја поради сериозна бактериска инфекција, конечно ќе сфати дека здравјето е на прво место и ќе направи пауза“, изјавиле пријателите на пејачката за „Пејџ Сикст“.

Дејли мејл наведува дека ситуацијата била исклучително сериозна, а семејството на Мадона се подготвувало за најлош можен исход.

„Овој шокантен колапс на ѕвездата е всушност аларм за Мадона која верува дека е неуништлива и премногу често се турка надвор од границите, особено во периоди кога подготвува нови проекти. Така беше и со подготовките за нејзината турнеја, на која работеше повеќе од дванаесет часа на ден. На пробите за турнејата пукаше од среќа, со нетрпение ги очекуваше претстојните концерти кои беа повеќе од осумдесет, а не беше целосно свесна како овој ентузијазам за работа ќе влијае на нејзиното здравје“, пишува Дејли Мејл.

Менаџерот на Мадона Гај Озири потврди дека поради болест, музичката ѕвезда морала да ги одложи сите деловни обврски, вклучително и турнејата која требаше да започне на 15 јули во Ванкувер. За новите датуми на концертите фановите ќе бидат информирани подоцна, објасни загрижениот менаџер кој не сакаше да ја демантира или потврди веста дека на Мадона и се слошило откако снимила дует со Кејти Пери.

Scroll to Top