Близнаците Дамјан и Војдан Стојановски ги посетија кошаркарите од КК МЗТ Скопје Аеродром – Младинска Школа во кампот во Струга.
Идните кошаркари добија совети од ветераните, им се потпишуваа на маиците и одиграа една партија баскет.
„Капитените на МЗТ Скопје и македонската репрезентација, две живи легенди и синоними за нашата кошарка изминативе 10-15 години, покажаа зошто важат за громади и надвор од теренот, зошто се омилени кај навивачите од сите генерации и зошто уживаат респект ,,до Марс” – своето искуство, знаење и финти со детска и несебична среќа им ги пренесуваа на оние кои утре ќе ги облечат нивните дресови“, напишаа од Младинската Школа.