Никола Јокиќ оваа сезона успеа на својот Денвер да му донесе историска титула во најсилната кошаркарска лига на светот.
По огромниот подвиг, двократниот МВП на НБА се врати во родниот Сомбор, каде ужива со семејството и пријателите.
Јокиќ на најдобар можен начин го користи одморот, а дополнителното слободно време го искористил за да отиде во локален ресторан, каде до зори уживал во добри пијалоци, пријатели и музика.
Атмосферата го достигнаla врвot кога Аца Пејовиќ го испеал познатиот хит на Мирослав Илиќ „Поздрави је, поздрави“, а Јокиќ го погодила песната па се качил на столче и пеел.