Обожавателите на Тејлор Свифт ќе направат се за да стигнат до нејзиниот концерт, но еден фан привлече посебно внимание.
На интернет кружи видео од анонимна жена со ќебе на главата како разговара со новинарка. Таа раскажа дека го излажала шефот дека е болна за да може да присуствува на концерт на пејачката во Охајо.
Фанот на пејачката била забележана од новинарска екипа која разговарала со обожавателите на пејачката пред почетокот на концертот. Таа објаснила дека само му кажала на својот шеф дека е болна за да може да стигне до стадионот Пејкор со 65.000 седишта и да го види првиот концерт од турнејата Ерас.
„Ја обожавам. За малку ќе и дадов име на ќерка ми по неа”, рекола мистериозната жена.
Според музичкиот магазин „Полистар“, билетот за концертот на Тејлор Свифт е 254 долари, а за 22 дена од турнејата таа заработила 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на кантавторката во странство. Се проценува дека вкупната заработка од турнејата би можела да надмине 1,3 милијарди долари.