Под земја е откриен мистериозен океан три пати поголем од оние на површината

Научниците открија огромен резервоар на вода, трипати поголем од океаните на површината, заробен на стотици километри под површината на земјата. Веруваат дека оваа вода се уште не е во течна состојба.
Мислат дека овој подземен океан е заробен во одредени сунѓерести структури. Ваквото откритие го менува разбирањето за тоа како е формирана нашата планета, пренесе „Блиц.рс“.
Геофизичарот Стив Јакобсен од еминентниот Американски универзитет, кој е коавтор на студијата објавена во списанието „Наука“, рече дека водата на Земјата може да доаѓа од внатре, донесена на површината со геолошка активност, а не од удари на ледените комети кои влијаеле на формирањето на планетата, како што сме верувале досега.
„Геолошките процеси на површината на Земјата, како што се земјотресите или вулканските ерупции, се израз на она што се случува внатре во самата Земја, надвор од нашиот вид. Мислам дека конечно имаме докази за целиот воден циклус на Земјата што може да ја објасни огромната количина на вода на површината на нашата планета. Научниците ја бараат оваа изгубена длабока вода со децении“, рече Јакобсен.
Со колегите тој е првиот кој дојде до доказ дека може да постои вода во дел од Земјата познат како пролазна зона. Тие ги базираат своите наоди на истражување на огромен подземен регион низ САД, пренесе „Република.рс“.
Scroll to Top