(Видео) Федерер запеа со Колдплеј на концерт, фановите коментираат дека го живее најдобриот пензионерски живот досега

Тениската легенда Роџер Федерер ги воодушеви обожавателите со своите вокални способности за време на настапот со бендот Колдплеј.

Осумкратниот шампион на Вимблдон објави дека се пензионира на 41-годишна возраст минатиот септември.

Швајцарската ѕвезда ги освои познатите 20 Грен слем титули за време на својата славна кариера. Сепак, Федерер имаше бројни повреди во последните сезони, но првично рече дека целта му е да се врати на теренот.

Сега обожавателите се речиси сигурни дека тој би можел да започне нова кариера, по настапот на концертот на Колдплеј во Цирих.

„Човеку, тој го живее најдобриот пензионерски живот досега“, напиша еден фан на Твитер.

 

Scroll to Top