Ана Николиќ која неодамна се пожали на нејзиниот физички изглед и тешката финансиска состојба, сега била пречекана од папараците пред нејзиниот стан во Белград. Била во придружба на возачот, а носела кратки шорцеви и бела маичка која ја носела на роденден од вчера. Над неа имаше долг џемпер.
Лицето го сокри со големи очила, а на новинарите им рече дека е добро. Била на роднеден кај пријател во Доња Мутница, а потоа во истата облека со која дојде и во Белград била во кафана со старлетата Маца Дискреција. Друштво им правел и лидерот на српската десница Миша Вачиќ што било изненадување за голем број фанови и нејзини пријатели, пренесоа медиумите.
Објави и видео со славеникот во кое рече дека обично нејзините родендени ги преспива и дека колку повеќе старее толку повеќе ѝ се спие.
За потсетување, пејачката неодамна се најде среде скандал жалејќи се на нејзиниот физички изглед и раните на лицето, како и на финансиската состојба. Јавно се препукуваше и со нејзиниот, сега веќе поранешен менаџер Саша Мирковиќ, кој исто така објави дека пејачката е во лоша физичка состојба.