Мистериозно суштество за кое научниците мислат дека е бесмртно откриено во длабочините на океанот

Мистериозно суштество за кое научниците веруваат дека е бесмртно е откриено во длабочините на Атланскиот океан, пренесе Newsweek. Експертите велат дека станува збор за мал безрбетник кој живее на лушпите на раковите. Hidractinia symbiolongicarpus може на неодредено време да го избегне стареењето.

Научниците велат дека може да се регенерира себе си и тоа не дел по дел, туку целото тело. За него објавиле во студијата во списанието Cell Reports.

„Студија како оваа, во која е истражена биологијата на необичен организам, открива колку се универзални биолошките процеси и колку сè уште ни треба да ги разбереме нивните функции, односи и еволуција. Таквите откритија имаат голем потенцијал да дадат нови сознанија за човечката биологија“, рече Чарлс Ротими, коавтор на студијата.

Научниците одамна знаат дека овој безрбетник е посебен поради матичните клетки што ги користи за регенерирање на ткивото. Тоа е способно да се трансформира во било кој тип на телесна клетка, што го прави способно да го стимулира растот на новите делови од телото.

Луѓето можат да ги користат овие клетки само во текот на првата фаза од развојот, додека ова животно може да го прави тоа во текот на целиот свој живот.

Истражувачите откриле дека може да ги складира своите матични клетки во долната половина од телото, а кога ѝ ја отсекле устата, израснало сосема ново тело. Тоа покажува дека животното може да генерира нови матични клетки. За да истражат како се активираат овие матични клетки, научниците ги скенирале нејзините гени поврзани со стареењето.

Откриле дека од трите гени, едниот бил вклучен во клетките во близина на устата. Кога овој ген бил избришан од геномот, животното не можело да се регенерира, што покажува дека му треба време да сстаре за да регенерира нови матични клетки. Ситуацијата со ова животно е поинаква отколку со нашиот вид.

„Од животни како Hydractinia, можеме да научиме како стареењето може да биде корисно и да го прошириме нашето разбирање за стареењето и третманот“, рече Енди Баксеванис, коавтор на студијата.

Досега, научниците открија способност за регенерација кај 35 видови животни. Некои животни се дури и целосно имуни на стареење, како што се хидрата и бесмртната медуза Turritopsis dohrnii.

Scroll to Top