Двапати ме бакна и ме фати за меѓуножјето, непознат маж сведочеше на судењето против Кевин Спејси

Деновиве продолжи судењето против холивудската ѕвезда Кевин Спејси на кого му се суди за 12 сексуални престапи против четворица мажи. На третиот ден е објавена снимка од неименуван маж кој тврди дека актерот двапати го бакнал во паб.

Се споменува и фаќање за интимните делови од телото.

„Двапати ме бакна вратот и ме фати за меѓуножјето. Двапати ми рече да бидам кул“, рече мажот, кој додаде и дека кога го оттурнал, Спејси панично ја напуштил собата.

За потсетување, судот во Саутварк ќе ги разгледува обвиненијата од 2001 до 2013 година. Спејси во јануари се изјасни за невин по три точки од обвинението за вознемирување, три точки за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.

Двократниот добитник на Оскар веќе се изјасни за невин на почетокот на оваа година по четири точки за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.

Scroll to Top