Една од најпознатите турски актерки, позната по улогата на султана Ајша во серијата „Сулејман Величествениот“, во март го прослави својот 79 роденден. Оваа дама изгледа неверојатно добро за своите години. Небахат беше Мис на Турција во 1960 година, а во 1965 година ја претставуваше својата земја и на изборот за Мис Универзум. Нејзината импресивна убавина ѝ отвори многу врати во светот на шоу-бизнисот, па покрај со манекенство, активно се занимавала со пеење и глума.
Небахат немала лесно детство – го изгубила својот татко кога имала само пет години, по што семејството се преселило од градот Самсун во Истанбул. Нејзината мајка повторно се омажила за судија, но набрзо повторно се развела, а неколку години подоцна стапила во трет брак. Актерката во едно интервју открила дека и било многу тешко да ги прифати новите сопрузи на нејзината мајка, но и да ја преболи смртта на својот татко.
Актерката првпат се омажи многу млада, на 23 години се вљубила во турскиот актер, режисер и писател Јилмаз Ѓуне, а како што има изјавено, токму тој имал големо влијание во нејзините погледи за животот, па покрај него го совладала и актерскиот бизнис. Интересно е што во периодот од 1964 година до 1968 година, кога се развеле, парот заедно глумел во дури 13 филмови. Токму во тој период, во раните 70-ти, турската кинематографија била преплавена со филмови исполнети со жешки, еротски кадри, па во тие години актерката земала одмор од малите и големите екрани и се посветила на пејачката кариера. Ѓуне и Небахат имаа страсна, бурна и комплицирана љубовна приказна која не престана да ја интригира турската јавност.
-Имаа интензивна, жестока љубов, но полна со расправии и насилство. Јилмаз често ја тепаше Небахат, откри одамна блискиот пријател и менаџер на Гуне, Абдурахман Кескинер. Тој опишал и една непријатна сцена што ја доживеале сопружниците во последните денови од бракот:
-Еден ден, двајцата повторно се скараа во ноќниот клуб. Небахат луто го напушти клубот и ги игнорираше извиците на Јилмаз да престане. Додека таа трчаше кон хотелот каде што престојуваа, тој влезе во својот автомобил и почна бесно да вози. Потоа, пред мои очи со автомобилот ја удри со автомобилот и Небахат летна во воздух, падна на колата, па на улица… Четири дена беше во болница. Оваа случка ја криеја од сите, но после тоа раскинаа. Меѓутоа, нивната љубов никогаш не престана. Јилмаз ја сакаше Небахат најмногу во животот. Никогаш не можеше да ја заборави, изјави тој.
Неколку нивни пријатели ѝ открија на јавноста уште еден голем инцидент – кога Небахат и нејзиниот брат отишле во воз да ги посетат роднините во град во северозападниот дел на Турција, , а таа не го пријавила тоа на сопругот, Јилмаз кога открил каде се движи сопругата, ја следел со својот автомобил, го стигнал возот, а потоа му го блокирал патот паркирајќи го автомобилот на шините. Кога возот запрел, актерот скокнал во него, буквално ја зел Небахат и ја донел со себе дома во Истанбул.
Актерката во еден момент забременила, но убедена дека нивниот брак ќе се распадне, решила да ја прекине бременоста. Од друга страна, Ѓуне премногу сакал заедничко дете, па дури и му се заканувал на гинеколог да не ја прекине бременоста. Сепак, актерката го сменила лекарот и абортирала.
Парот продолжил да се гледа извесно време и по разводот, додека и двајцата не пронашле нови партнери. Ѓуне и пишувал љубовни писма, жалел за се што направил, тврдејќи дека е исклучително силна како личност и како актерка. Но, тие воопшто не можеле да соработуваат, а Небахат во едно интервју признала дека интензивната љубов е она што им ја уништило врската.
„Премногу страст и љубов ја исцрпуваат врската. Понекогаш работите стануваат крајно страсни, а страста ја оштетува врската. Јиламз беше многу добар и многу тежок сопруг во исто време. Ја доживеав незамисливата сила на неговата љубов, но во одреден момент тоа ме истроши. Се чинеше невозможно да живееме заедно. За да останеме живи и здрави, моравме да се разделиме еден од друг, рекла таа.
ВТОР БРАК – ПОВТОРНО РАЗОЧАРУВАЊЕ
Кон крајот на 60-тите, таа најде нова љубов – турскиот кошаркар Јавуз Демир. По шест години врска, парот раскина во 1976 година, но бракот траеше само две години. Интересно е и тоа што Небахат забременила непосредно пред разводот, но решила да го абортира детето бидејќи не сакала да расте без татко.
-Пораснав со очув, немав вистински татко, поради што не сакав моето дете да помине низ истата ситуација. Си ветив дека ако некогаш имам брак за кој верувам дека ќе трае, Ќе имам и дете, рече таа еднаш.
Оваа Турчинка еднаш раскажа дека Јавуз и е безбедно пристаниште и дека благодарение на него изградила силна самодоверба, но дека тие не можат да ја спасат својата љубов поради различните амбиции и начин на живот.
-Не можев да се прилагодам на неговиот живот. Конзервативна сум, бев ограничена на мојот простор. Животот што го живеев со Јавуз беше исклучително активен. Сите тие патувања, посетители, гужви околу него – ме гушеа. Сфатив дека не би можела да продолжам така и да бидам во чекор со неговото екстремно брзо темпо на живот, признала таа еднаш.
Додека беше во брак, ја запостави кариерата во шоу-бизнисот, посветувајќи се на дизајнот и модата, но по разводот се врати на сцената продолжувајќи ја својата пејачка кариера. Интересно, таа повторно почна да глуми дури во 2004 година.