Хрватскиот музичар Стјепан Хаузер, поранешен член на „2Челос“ има нова девојка. Извесна Марија од Украина е новата партнерка на музичарот, со која во последен период споделува романтични фотографии на Инстаграм.
Хаузер јавноста го памети и по врската со пејачката Јелена Розга.
Хрватските медиуми пишуваат дека станува збор за украинска инфлуенсерка која ја следат дури 32.000 луѓе, а во описот на профилот навела дека нејзини интереси се храната, спортот и убавината.
Парот објави фотографии од одморот на Истра, родниот крај на Хаузер, каде што разменуваат бакнежи во различни кадри и заедно вежбаат пред неговата вила.
Исто така, Марија објавила видео каде во прекрасен амбиент Стјепат и свири виолончело.
Тој го прослави својот 37 роденден со Марија, а на инстаграм стори се пофали како Украинката го изненадила со подарок во хотелската соба.