Поради дефект на една од најголемите жичари во светот, 70 луѓе беа заробени на 4000 метри височина

Поради дефект на жичарата во Еквадор, речиси 70 луѓе останале заробени во гондолите на височина од 3947 метри. Пожарникарите во четвртокот околу 16 часот добиле пријава за лицата кои останале заглавени, па до ден денес работат на нивно извлекување и санирање на дефектот, пренесе „Си-ен-ен“.

Досега се спасени 17 лица. 40 припадници на итната помош дојдоа на лице место во случај да им ја пружат потребната здравствена заштита. Гондолата, попозната како „Телерифико“, се издигнува на 3.947 метри надморска височина и таа е една од најдолгите и најголемите гондоли во цела Јужна Америка.

Возењето трае 18 минути и за време на него можете да видите планини, полиња и прекрасна панорама на главниот град на Еквадор Кито. Должината на патот е повеќе од 2,5 километри.

Scroll to Top