(Фото) Душко Тошиќ на летување со ќерките во Монако

Бившиот сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ замина со ќерките на летување во Монако. Прво ги однесе во Монако, а потоа заминаа за Италија во одморалиштето Портофино од каде помалата Ника објави и фотографии.

Иако на нив ја нема постарата ќерка Атина, некои од медиумите пренесоа дека и таа била со нив. Девојките често патуваат и секој одмор го поминуваат надвор од Србија, било да е тоа со Карлеуша или Тошиќ. И двајцата за нив велат дека се многу скромни и културни тинејџерки.

 

 

Scroll to Top