Игор Којиќ (35), бившиот сопруг на пејачката Северина, по неколкумесечна врска раскина со актерката Теодора Бјелица (29), пишува Курир.
„Игор и Теодора раскинаа пред неколку недели. Иницијатор беше Теодора, која сфати дека Игор воопшто не е за неа. Така и велеа сите нејзини пријатели, но таа беше навистина вљубена во него. Меѓутоа, со текот на времето почнале несогласувањата, а таа сфатила дека Игор не сака сериозна врска и дека тој не е за неа“, открил изворот за Курир.
Инаку, поранешниот фудбалер е син на пејачот Драган Којиќ Кеба (66), а на хрватската јавност и стана познат кога се ожени со Северина во 2015 година. Двојката се разведе во 2021 година.
Гласините за врската меѓу него и убавата актерка започнаа во јануари годинава, кога објавија фотографија од снежниот пејзаж на Копаоник. Теодора никогаш не откривала многу за својот приватен живот, но нивната врска изгледаше идилично.
„Едноставно, не се поклопивме. Со текот на годините, научив да не губам време на луѓе и врски кои не ми одговараат. Заминувам со добро и на таа личност и посакувам се најдобро“, изјавила Бјелица за Стори.