Почина српскиот сценарист и  режисер Срѓан Кољевиќ

Почина српскиот сценарист и  режисер Срѓан Кољевиќ.  Тој беше и професор на Катедрата за драматургија на ФДУ во Белград. Имаше 56 години. Кољевиќ беше еден од најнаградуваните сценаристи во Србија како и повеќекратен добитник на награди .

Долго време боледувал од рак на дебелото црево, а во неколку наврати се собирале средства за лекување.

Роден е на 31 декември 1966 година во Сараево. Дипломирал на отсекот драматургија на ФДУ во Белград, каде што започна да предава во 1999. Ги режираше двата филма по свои сценарија, „Сив црвен камион“ и „Жена со скршен нос“, а за првиот доби и 11 меѓународни награди на 40 фестивали и 13 награди на домашни фестивали. Тој беше косценарист на филмот „Клопка“ на Срдан Голубовиќ во 2007, првиот српски филм што влезе во потесниот избор за Оскар.

 

Scroll to Top