Неодамна пејачката Бебе Реџа беше удрена со телефон во глава среде настап на концерт, а сега тоа му се случи и на раперот Дрејк кој имаше поголема среќа од неговата колешка.
Мобилниот телефон со кој беше гаѓан пејачот на концерт го удри по рака. Тој погледна кон телефонот кој падна зад бината и продолжи да пее.
Во последно време се води дебата и има многу реакции на Твитер поради агресивните посетители на концертите на кои сите одат да се забавуваат и никому не му е јасно зошто поединци фрлаат кон пејачите. Адел најде оригинално решение – по повредата што ја доби Бебе Реџа на настапот поради телефонот кој ја удри во пределот на очите, на сцената на својот концерт Адел неодамна излезе со голем „пиштол“.
„Дали забележавте како луѓето заборавија како да се однесуваат на концертите? Луѓето фрлаат работи на сцената на изведувачите“, рече Адел и се насмеа.