Елтон Џон ја заврши својата проштална турнеја: Сакам да се посветам на синовите и сопругот

Еден од најпопуларните кантавтори на сите времиња, Елтон Џон, (76)  во саботата вечерта ја заврши маратонска проштална турнеја во Стокхолм со еден од неговите најголеми хитови – Goodbye Yellow Brick Road. Тој им порача на своите милиони обожаватели дека ќе останат во неговата „глава, срце и душа“.

Во кариерата долга 50 години, тој изведе 4.600 шоуа низ светот и освои пет Греми награди.

„Живеев за да ви свирам на вас, вие бевте мојот живот, вие бевте апсолутно величествени“, рече тој на публиката во шведската Теле2 Арена.

Последниот концерт од прошталната турнеја беше отворен со Bennie and the Jets и продолжи со многу други хитови, меѓу кои и Philadelphia Freedom, Tiny Dancer, Rocket Man и Candle in the Wind.

Тој ја започна својата проштална турнеја во Северна Америка во 2018 година, а ова беше негова втора вечер на настапи во Стокхолм.

Турнејата го опфати целиот свет – тој свиреше пред повеќе од шест милиони фанови, а еден од најважните моменти беше неговото појавување на фестивалот Гластонбери минатиот месец.

На крајот на концертот, Елтон на публиката им раскажа за неговите „52 години чиста радост свирејќи музика“. Рече дека никогаш повеќе нема да оди на турнеја, но може да направи еднократна работа во иднина. „Сакам многу повеќе да се посветам на семејството, синовите, сопругот, сите. Го заслужив тоа“, рече тој. Коцертот траеше да повеќе од два часа

 

Scroll to Top