Поранешниот шпански репрезентативец Луис Суарез почина денеска во Милано на 88 години. Ќе остане запомнет како првиот и досега единствениот Шпанец кој ја освоил „Златната топка“.
Богатата професионална фудбалска кариера Суарез ја започна во Депортиво, а во 1955 година го облече дресот на Барселона и стана и клупска легенда. Во Интер настапуваше од 1961 до 1970 година пред да премине во редовите на Сампдоија каде и ја заврши кариерата.
Од 1957 до 1972 година ги бранеше националните бои на Шпанија, која во 1964 година ја предводеше до шампионскиот трофеј на Европското првенство