Летонија го доби првиот геј претседател

Министерот за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс, стана првиот хомосексуалец на чело на земја-членка на Европската унија.

Функцијата министер ја извршуваше од 2011 година, а во Рига деновиве положи заклетва како претседател. Иако генерално е церемонијална функција, сега може да стави вето на
законите и да распишува референдуми.

Во Европската унија имало и претходно хомосексуалци на чело на влади, но никогаш не и шеф на држава.
Ринкевичс јавно објави дека е хомосексуалец во 2014 година и оттогаш е гласен застапник на правата на ЛГБТ заедницата.

Хомосексуалните бракови не се легализирани во Летонија, иако минатата година Уставниот
суд на земјата ги призна истополовите заедници.

Scroll to Top